-
Ако ти речам малку забави
земи здив подзастани
и легни овде крај мене
попреку не гледај ме
Има време ќе стигнеме
погледни до каде сме
повеќе од пола пат поминат
дождот сигурно е добар знак
Барем еден ден
само да те гледам
крај мене насмеана
и се да ти кажам
да те слушнам
и без да брзам да те прегрнам
еден ден
Ќе речеш
премногу зборови
истрошени изговори
вистини излажани
најбитните не кажани
оставени по ветрот да талкаат
Барем еден ден
само да те гледам
крај мене насмеана
и се да ти кажам
да те слушнам
и без да брзам да те прегрнам
Моиве очи твое огледало се
види се во нив храбра од ништо не плаши се
овој ден и ноќта нека ја украде
а ти остани таква барем овој ден
само еден еден -
те видов во сон
те гледам и сега
пред мене стоиш и броиш знам
на помина година
не се ни две
повеќе се
и зошто солзи на лице
зар тие знаат нешто повеќе
избриши ги
ќе помине
само гушни ме нежно
како што знаеш само ти
не вели ништо
зборови не се потребни
нашето сонце
одамна веќе не свети
не гледај ме така
погледот твој ќе ме полуди
над нас врне
дожд од спомени
некои тажни а некои не
јас и ти
совршени ликови
избришани
застани гордо исправи се
немој солзи во очите
избриши ги
ќе помине
само гушни ме нежно
како што знаеш само ти
не вели ништо
зборови не се потребни
нашето сонце
одамна веќе не свети
не гледај ме така
погледот твој ќе ме полуди -
за Горан…
во срцето сон
во сонот ти
во тебе вселена
и низ сиот тој крај
бескрајно мал
трепери ѕвезда
трепериш ти
а ден убав ден
од сите различен
кој знаел што ќе донесе
по птиците глас
од небото знак
згаснува ѕвезда
згаснуваш тиноќва полна месечина
на небо насмеана
раце раширила
раце нема да те погалат
кој ли ноќе те покрива
штом застуди штом задува
земја ти е постела
студенаа ден убав ден
од сите различен
кој знаел што ќе донесе
по птиците глас
од небото знак
згаснува ѕвезда
згаснуваш тиноќва полна месечина
на небо насмеана
раце раширила
раце нема да те погалат
а гледам и слушам
можеби ветрот ќе ми донесе
понекој спомен некоја слика
или само збор
не заборавај -
те гледам и неможам да сватам
како во очите да си ги собрала
сите реки сите песни
сите солзи од овој свет
далеку ме носиш некаде
далеку од мене
правиш да не знам дали сум јас
не се препознавам
само знам
знам љубам
земи ме со себе
направи денот
да не угасне
погледни мe
насмевни се
прекри ме со нежност и така нека остане
те гледам и никако да сватам
колку си убава
твоите раце
твоите усни
твојата насмевка
далеку ме носиш некаде
далеку од мене
правиш да не знам дали сум јас
не се препознавам
само знам
знам љубам -
добро утро таго
до кога ли заедно
добро утро таго
неизбежна вистино
проклета си судбино ти
во срцево рана
ти ми отворивистина и лага
ко страни од паричка
љубов и тага
неразделна судбина
и бессони се
не ноќ ил две
поминува цел век
покрај мене
само понекогаш
како да слушам глас
како да гледам лик
чувствувам пак почнуваи чинам ко на сон од сон излегуваш
а ветер пролетен нежно ме облева
дали си вистина или така изгледа
само мирис твој како да чувствувам
од каде доаѓаш каде си тргнала
зарем срцево ти е станица
те молам замини пред да ме искршиш
пред да ме искинеш
на безброј делови -
ме разбуди допир
од залутан лист
за миг помислив
можеби си тоа ти
и не ми е важно
кој е овој град
ни сонцето
дали изгрева или заоѓадобро е
штом добро ти е
штом знам дека сега
се смееш накадепожолтени лисја
режираат филм
и ти во него
со шал од рузмарин
заскитан поглед
во височини
за миг помислив
можеби си тоа тидобро е
штом добро ти е
штом знам дека сега
се смееш накаде
и сеуште тука си во мисливе
и сеуште секој ден се молам за тебе
и сеуште буден ги чекам утрата
господе
господе чувај ја -
каде сте тргнале од зори
без лица и без зборови
над вас само бледа сенка
се плашам да ја погледнам
гледам да не видам
зарем нема ништо друго
освен таа прашина
што ве полни
кога ништо друго и не проаѓа
зарем денот нема сјај
зарем сонот има крај
разбуди седај ми љубов дај ми песна
пушти гласови нека загрми
отвори срце постели душа
растерај облаци нека засвети
а мисла сама веќе лета
се враќа па заминува
зад себе само бледа трага
од некој детски плач
остава
зарем нема ништо друго
освен таа прашина
што ве полни
кога ништо друго и не проаѓа
зарем денот нема сјај
зарем сонот има крај
разбуди се
дај ми љубов дај ми песна
пушти гласови нека загрми
отвори срце постели душа
растерај облаци нека засвети
со твоите очи погледни
разнишај стари бедеми
во нив се крие
искра волшебна
што прави мали радости
а толку потребни
само чувај ја -
безделничиш по навика
од сите страни пусија
се собрале ергенине
ќе бараат рака најбела
ќе даваат прстен за неа
а не знаат кај маваат
однекаде глас допира
како да вели нешто тивко
не разбирам
таа е таму негде а ти си тука овде
што и да сториш нама
да ја задржиш
нека свират зурли тапани
нека бијат сите камбани
свадба е голема
нека свират гајди кавали
за да скријат тешки зборови
срце не дава
ви велам не
не земајте ја
таа ми е се
се што имам јас
а без неа
нека свират зурли тапани
нека бијат сите камбани
свадба е голема
нека свират гајди кавали
за да скријат тешки зборови
срце не дава