Не заборавај

---
Камелеон
2 Albums 30 Tracks

за Горан…

во срцето сон
во сонот ти
во тебе вселена
и низ сиот тој крај
бескрајно мал
трепери ѕвезда
трепериш ти
а ден убав ден
од сите различен
кој знаел што ќе донесе
по птиците глас
од небото знак
згаснува ѕвезда
згаснуваш ти

ноќва полна месечина
на небо насмеана
раце раширила
раце нема да те погалат
кој ли ноќе те покрива
штом застуди штом задува
земја ти е постела
студена

а ден убав ден
од сите различен
кој знаел што ќе донесе
по птиците глас
од небото знак
згаснува ѕвезда
згаснуваш ти

ноќва полна месечина
на небо насмеана
раце раширила
раце нема да те погалат
а гледам и слушам
можеби ветрот ќе ми донесе
понекој спомен некоја слика
или само збор
не заборавај