Добро е

---
Камелеон
2 Albums 30 Tracks

ме разбуди допир
од залутан лист
за миг помислив
можеби си тоа ти
и не ми е важно
кој е овој град
ни сонцето
дали изгрева или заоѓа

добро е
штом добро ти е
штом знам дека сега
се смееш накаде

пожолтени лисја
режираат филм
и ти во него
со шал од рузмарин
заскитан поглед
во височини
за миг помислив
можеби си тоа ти

добро е
штом добро ти е
штом знам дека сега
се смееш накаде
и сеуште тука си во мисливе
и сеуште секој ден се молам за тебе
и сеуште буден ги чекам утрата
господе
господе чувај ја