Еден ден

---
Камелеон
2 Albums 30 Tracks

Ако ти речам малку забави
земи здив подзастани
и легни овде крај мене
попреку не гледај ме
Има време ќе стигнеме
погледни до каде сме
повеќе од пола пат поминат
дождот сигурно е добар знак
Барем еден ден
само да те гледам
крај мене насмеана
и се да ти кажам
да те слушнам
и без да брзам да те прегрнам
еден ден
Ќе речеш
премногу зборови
истрошени изговори
вистини излажани
најбитните не кажани
оставени по ветрот да талкаат
Барем еден ден
само да те гледам
крај мене насмеана
и се да ти кажам
да те слушнам
и без да брзам да те прегрнам
Моиве очи твое огледало се
види се во нив храбра од ништо не плаши се
овој ден и ноќта нека ја украде
а ти остани таква барем овој ден
само еден еден