Дај ми љубов

---
Камелеон
2 Albums 30 Tracks

каде сте тргнале од зори
без лица и без зборови
над вас само бледа сенка
се плашам да ја погледнам
гледам да не видам
зарем нема ништо друго
освен таа прашина
што ве полни
кога ништо друго и не проаѓа
зарем денот нема сјај 
зарем сонот има крај
разбуди се

дај ми љубов дај ми песна
пушти гласови нека загрми
отвори срце постели душа
растерај облаци нека засвети
а мисла сама веќе лета
се враќа па заминува
зад себе само бледа трага
од некој детски плач
остава
зарем нема ништо друго
освен таа прашина
што ве полни
кога ништо друго и не проаѓа
зарем денот нема сјај 
зарем сонот има крај
разбуди се
дај ми љубов дај ми песна
пушти гласови нека загрми
отвори срце постели душа
растерај облаци нека засвети
со твоите очи погледни
разнишај стари бедеми
во нив се крие
искра волшебна
што прави мали радости
а толку потребни
само чувај ја